Бројот на новозаразени лица во регионот повторно расте

Според најновите извештаи на епидемиолошката состојба во дел од регионот, бројот на новозаразени е скоро четирикратно зголемен во споредба со претходниот ден.

Во Словенија, тестирани се 5.728 примероци во последните 24 часа, од кои 1.308 лица се позитивни на корона вирусот, што е за 6,1 проценти помалку отколку во понеделникот минатата недела. Има 100 пациенти на интензивна нега, колку што имаше на крајот на мај годинава. Пријавени се три смртни случаи, вкупно 4.506 од појавата на пандемијата

Хрватска тестираше 9.777 примероци за корона вирус, од кои 1.037 се новозаразени, додека вчера имаше 264. Бројот на активни случаи денес е 7.464. На респиратор има 88 пациенти. Пријавени се дванаесет смртни случаиСпоред најновите извештаи на епидемиолошката состојба во дел од регионот, бројот на новозаразени е скоро четирикратно зголемен во споредба со претходниот ден.

Во изминатите 24 часа, 526 новозаразени од коронавирус што е 200 повеќе регистрирани од претходниот ден во Босна и Херцеговина Пријавени се 24 смртни случаи.Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 5.859.

Република Српска тестираше 572 примероци, од кои 209 беа позитивни за корона вирусот. Станува збор за 99 мажи и 110 жени, од кои 38 се помлади, 105 средовечни и 66 постари.

Пријавени се 12 смртни случаи – 10 мажи и две жени, средовечни и постари лица. Вкупниот број на смртни случаи во Српска од почетокот на епидемијата е 4.103. Во моментов, 7.989 луѓе се под здравствена заштита.

Back to top button
Close