Бројот на ранети во нападот во северен Израел се искачи на 67

– Бројот на ранети во нападот со дрон во областа Бињамина се искачи на 67, соопштија медицински лица.

Бројот на критично повредени и понатаму е четири, петмина се тешко повредени, а 14 се полесно повредени.

Повеќето беа однесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера. Другите ранети се пренесени во болницата Шеба во Рамат Ган, болницата Рамбам во Хаифа и Медицинскиот центар Рабин во Петах Тиква, јави Тајмс оф Израел.

Џерусалим пост претходно јави дека Хезболах од подрачје во јужен Либан лансирал дронови кон Израел каде не биле активирани тревоги за предупредување

Back to top button
Close