Бројот на самоубиства во Грција зголемен за 25 отсто од 2020 година

Бројот на луѓе кои извршиле самоубиство во Грција во 2022 година се зголемил за речиси 25 отсто во однос на 2020 година, според годишните податоци за самоубиства пријавени и анализирани од Опсерваторијата за спречување самоубиства Климака.

Вкупниот број пријавени самоубиства во 2022 година беше околу 600, при што аналитичарите забележаа дека оваа бројка всушност одговара на најмалку две самоубиства на ден.

Во извештајот се вели дека огромното мнозинство од луѓето кои си ги одзеле животите се мажи (78отсто), односно 22 отсто – жени. Во однос на возрасната група, лицата над 60 години имале најголем број самоубиства во споредба со другите возрасни групи во популацијата. Бројот на самоубиства кај младите воопшто (на возраст над 20 години) покажува трендови на пораст во споредба со бројките од 2021 година.

Во однос на регионите, најголем број самоубиства во 2022 година е забележан на Крит (17 отсто од вкупниот број).

Повеќето од жртвите припаѓале на економски активното население во земјата и биле во брак, додека 55 отсто од смртните случаи се случиле во домот на починатиот.

Најголем дел од самоубиствата се случиле во текот на летните месеци (јуни, јули и август), додека денови со најголем број самоубиства се понеделник и вторник.

Исто така, минатата година, 18 самоубиства се регистрирани во таканаречените високоризични области во земјата (жаришта за самоубиства): 11 се случиле во центри за притвор, седум во железнички и метро станици, осум во здравствени единици и три во воени кампови. Покрај тоа, имаше најмалку 11 самоубиства на работници во високоризични занимања, како што се безбедносните сили, и три самоубиства на воени лица.

„Грција останува една од ретките земји што не презеде никаква институционална иницијатива за заштита на самоуништувачки поединци“, наведоа од Климака во својот извештај,  додавајќи дека 95 отсто од смртните случаи можеле да се спречат доколку имало навремени и ефективни интервенции.

Back to top button
Close