Бројот на убиени во нападот во Њу Орлеанс се зголеми на 15

Бројот на загинати по вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-Ен-Ен.

Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи. Тој беше убиен во пресметка со полицијата вчера околу 03:15 часот по локално време, во дел од Њу Орлеанс каде се одржуваа неколку новогодишни прослави. ФБИ соопшти дека во неговото возило било пронајдено знаме на Исламската држава.

Откако возилото застанало, возачот излегол од и отворил оган врз полицајците кои возвратиле, соопшти полицијата на Њу Орлеанс.

– Инспекторите го пребаруваа францускиот кварт во Њу Орлеанс за потенцијални експлозивни направи, изјави претставник на полицијата.

Портпаролката на ФБИ, Алетеа Данкан рече дека властите истражуваат најмалку една сомнителна импровизирана експлозивна направа пронајдена на местото на настанот.

Началничката на полицијата во Њу Орлеанс, Ен Киркпатрик, рече дека мажот „намерно“ возел околу барикадите и забрзал по улицата Бурбон пред да отвори оган врз полицајците. „Овој човек се обидуваше да прегази што повеќе луѓе“, рече Киркпатрик, додавајќи дека двајца полицајци се ранети во пукањето, но се во стабилна состојба.

Како што потврдија полициски извори за Си-Би-Ес, на местото на настанот бил пронајден долг пиштол со „пригушувач“, додека два извори запознаени со истрагата изјавиле дека осомничениот носел панцир.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел изјави дека најверојатно станува збор за „терористички напад“.

Back to top button
Close