Бројот на загинати во пожарот во пансионот во Романија се искачи на седум

Бројот на загинати во пожар во пансион во Романија денеска се зголеми на седум, а едно лице се уште се води како исчезнато, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни ситуации на таа земја.

Пожарот избувнал во селото Тохани, во областа Прахова.

Во соопштението на итната помош на МВР на Романија, се наведува дека во пансионот при избувнувањето на пожарот имало 26 лица, а 18 од нив успеале да избегаат, пренесува Аџерпрес.

Back to top button
Close