Бројот на заразени од коронавирус во Јужна Америка надмина осум милиони

Бројот на заразени со коронавирус во Јужна Америка надмина осум милиони и сега е континент со најмногу случаи, иако во некои земји вирусот се шири побавно од порано.

Врз основа на податоците од владите на земјите од Јужна Америка, беше утврдено дека во текот на оваа недела, просечниот број на нови случаи за еден ден е 67.173, за разлика од минатата недела кога беше 80.512.

Најлоша е состојбата во Бразил, каде вчера беа пријавени 40.557 нови случаи, додека просечниот број на нови случаи во Перу, Колумбија и Мексико, кои се најризични по Бразил, полека опаѓа.

Повеќе од 900.000 луѓе починаа од Ковид-19 светот, со најголем број случаи во САД, Бразил, Индија и Мексико.

Back to top button
Close