Бројот на заразени со коронавирус во Русија надмина 450.000

– Бројот на заразени со коронавирусот во Русија денеска надмина 450.000 лица.

Според рускиот кризен штаб, во последните 24 часа се пријавени 8.855 нови случаи, со што вкупниот број заразени изнесува 458.689.

Во соопштението се истакнува дека стапката на раст на бројот на заразени лица сè уште е два проценти.

Во последните 24 часа во Русија починале 197 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.725

Back to top button
Close