Бројот на жртви од двата земјотреса во Венецуела се зголеми на 188, речиси 40.000 лица се исчезнати


Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз.

Родригез рече дека 1.520 повредени лица се хоспитализирани, а дека 200 лица се заробени под урнатините.

Според него, 2.927 семејства ги загубиле своите домови.

„Во трка сме со времето за да спасиме што е можно повеќе од нив живи“, рече Родригез.

Тој додаде дека се стравува дека бројот на загинати и исчезнати може значително да се зголеми.

Земјотресот го оштети и главниот аеродром во Венецуела, кој беше затворен, додека жителите на некои населби беа евакуирани во соседен Бразил.

Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела синоќа.

Во земјата е прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај се прекинати, како и наставата во училиштата.

Back to top button
Close