Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 72
Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер на Филипините се искачи на 72, информира денеска националната агенција за цивилна одбрана.
Бројот на повредени досега е 294, додаде агенцијата.
Владата продолжува да мобилизира екипи за спасување и пребарување. Локалните власти објаснија дека земјотресот бил плиток.