Брод со хуманитарна помош се приближува кон брегот на Газа

Пропалестинското движење „Флота на слободата“ денеска објави дека нивни нов брод, што носи хуманитарна помош за Газа, се приближува кон бреговите на палестинската енклава со намера да се закотви таму утре наутро, и покрај блокадата што ја воведе Израел.

Бродот „Хандала“, изнајмен од тоа меѓународно движење во поддршка на Палестинците, успеа да се приближи до брегот на Газа од претходниот брод „Мадлијн“, што беше запрен од Израел во јуни, а денеска беше само на 105 наутички милји (194 км) од брегот на палестинската територија, соопштија организаторите.

На бродот има 19 активисти од различни националности, вклучувајќи двајца пратеници од француската радикална левичарска партија „Бунтовничка Франција“ – Габриел Катала и Ема Фурауд, како и двајца новинари. Бродот го напушти пристаништето Сиракуза, Сицилија, на 13 јули.

Израелските поморски сили објавија дека нема да дозволат бродот да стигне до окупираната палестинска територија.

Бродот „Хандала“, транспортира медицински потрошен материјал, прехранбени производи, опрема за деца, како и лекови.

Експедицијата финансирана од кампањата има за цел да ја пробие израелската блокада наметната врз Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close