Брус Вилис го распродава имотот

Брус Вилис веќе некое време се подготвувал за живот со болеста, па затоа го продал имотот вреден 65 милиони долари, тврдат неговите пријатели, а пренесува „ Page Six “.

– Долго се подготвуваше за овој момент. Знаеше дека здравјето ќе му се влоши и дека нема да заработува како порано. Тој исто така беше свесен дека нема да има потреба од голем број луксузни имоти и дека семејството ќе мора да се грижи за него – изјавил неименуван извор.

Семејството на познатиот актер објави дека Вилис боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Болеста може целосно да ве лиши од способноста за комуникација, а може да биде предизвикана од мозочен удар или тумор на мозокот.

Back to top button
Close