Брусаферо: Пандемијата ќе трае најмалку уште една и пол година
Пандемијата со Ковид-19 ќе трае најмалку уште една и пол година, тврди претседателот на италијанскиот Висок институт за здравство, Силвио Брусаферо.
– За разлика од природните катастрофи кои можат да бидат драматични, но краткотрајни, како што е земјотрес, пандемијата предизвикува долгорочен стрес. Здравствените системи работат на воспоставување стратегии кои ќе ни помогнат да се прилагодиме на таквата ситуација, а некои од овие мерки веројатно ќе бидат трајни, вели Брусаферо.
Тој додава дека од досегашниот тек на пандемијата може да се научи дека превенцијата е клучна, бидејќи помага да се избегнат здравствени кризи.
Вишиот институт за здравство е најголемиот научно-здравствен орган во Италија.
Во Италија има половина помалку новозаразени со коронавирусот во споредба со претходната недела.
За еден ден, регистрирани се 16.500 нови случаи на инфекција, но бројот на смртни случаи се уште е многу висок – 672 на ден, јави агенцијата Анса.