„Брз воз“ со Сандра Булок и Бред Пит во киносалите во април 2022 година

– „Брз воз“ (Bullet Train) со Сандра Булок и Бред Пит во главните улоги, го доби датумот за премиерата – 8 април 2022 година, објави вчера студиото „Сони“.

Филмот е заснован на популарната јапонска книга „Марија Битл“ од Котара Исаке, а во другите улоги се појавуваат раперот Бед Бани, Џои Кинг, Ендрју Коџи и Хирујуки Санада. Зак Олкевич го напиша сценариото, додека меѓу продуцентите се и Кели Мекормик, Дејвид Лич и Антоан Фукуа.

Приказната е околу група платени убијци со спротивставени мотиви кои се наоѓаат во воз во Токио. Тонот на проектот е опишан како спој на „Брзина“ – акциониот филм со Сандра Булок од 1994 година, оној со автобусот – со трилерот „Нон-стоп“ со Лијам Нисон од 2014., со слична приказна сместена во авион.

Исто така, најавувајќи нови изданија, студиото откри дека комедијата „По ѓаволите, не!“ (Oh Hell No) ќе го има своето прво прикажување на големото платно на 1 јули 2022 година.

Back to top button
Close