Брзо ќе почнат разговорите за подобрување на примарното здравство, најавува заменик-министерот по обновениот протест на лекарите

Навистина сме расположени како Влада овие проблеми на примарната здравствена заштита да ги решиме долгорочно и убеден сум дека преговорите ќе одат во добар правец, вели Рендевски

Наскоро се очекува да почнат со работа веќе формираните работните групи за подобрување на состојбите во примарното здравство, вели за МИА заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски. Тој информира дека утрово имале состанок со приватните стоматолози специјалисти и дека уште од нивна страна требало да се вклучат членови во тимовите за преговорите да одат синхронизирано.

„Има позитивна клима и во Министерството за здравство. Исто така, вчера имавме средба и со министерот и со премиерот. Навистина сме расположени како Влада овие проблеми на примарната здравствена заштита да ги решиме долгорочно и убеден сум дека преговорите ќе одат во добар правец“,истакна Рендевски.

Тој вели декаочекува разговорите да почнат за неколку дена до една недела.

„Голем дел од барањата навистина се издржани и лесно применливи. За одредени работи во поглед на финансирањето ќе се најде модус, како на оние најзагрозени медицински тимови да им се помогне некако и финансиски, така што верувам дека навистина ќе има решение и самите колеги ќе бидат задоволни и квалитетот на здравствена заштита да се подигне, да имаат благодет и самите пациенти“,истакна Рендевски.

Back to top button
Close