Бујар Османи: Две нови градинки во Чаир, имаме готов план и локации

Предучилишното образование е темелот врз кој се гради успехот на секое дете, но и иднината на целото наше општество. Првите години од животот се најважни за формирањето на личноста, за нивниот развој, за радоста и нивната сигурност. Затоа велам: секоја инвестиција во децата е инвестиција во иднината. Ова го изјави кандидатот на Националната алијанса за интеграција за Општина Чаир, Бујар Османи, кој вети нови инвестиции во градинките кои гравитираат во Општина Чаир.

„Денес, многу родители во Чаир се соочуваат со недостаток на места во градинките, со несоодветни услови, со дворови оставени без грижа и простори кои наместо да бидат оази за нашите најмили, претставуваат опасност. Со години општината штедеше на најважното, на децата. Се штедеше од нивното детство, од нивната иднина. Ова мора да се промени и ние ќе го промениме по 19 октомври”, изјави Османи, претставувајќи ја својата визија во овој правец.

„Нашата визија е јасна и конкретна. Ќе ја реконструираме секоја постојна градинка од училниците и тоалетите до кујните и дворовите. Безбедноста ќе биде апсолутен приоритет, ќе се постават огради во сите дворови, ќе се обезбеди бесплатна заштита во сите објекти и секој простор ќе има прочистувачи на воздух и најмодерна технологија за чиста и здрава средина. Знам дека денес капацитетите се недоволни и многу деца остануваат надвор од системот. Поради тоа ќе изградиме две нови, ултрамодерни градинки, кои се дел од проектот што ќе го претстави светски познатиот архитект од Мексико, Мишел Ројкинд. Со најсовремен концепт, со дополнителни простории и иновативни решенија, овие градинки ќе бидат симбол на новиот Чаир, место каде што секое дете ќе има можност за среќно и безбедно детство. Деталите за локацијата, концептот и буџетот ќе ги презентираме во наредните денови”.

Но не станува збор само за ѕидови и згради, додаде Османи.

„Ќе инвестираме во едукативни материјали, во модерни игралишта, во еко-градини во секој двор за првото искуство со природата, како и во  за вклучување на родителите и партнерство со воспитувачките. Образованието е заедничка работа и затоа ќе овозможиме континуиран професионален развој за воспитувачките и негувателките”, изјави Османи и додаде дека секое дете мора да има право на градинка.

„Затоа, за децата од ранливите семејства престојот ќе биде бесплатен. Ќе обезбедиме бесплатни пелени и хигиенски средства за најмалите во градинките, офталмолошки прегледи за идните првачиња, како и едукација за правилно миење на забите, држење на телото и превенција од деформитети на ‘рбетот. И овде сакам да нагласам: со години инсистирам градинките за децата да бидат задолжителни, бидејќи тоа е единствениот начин секое дете да има еднакви шанси од самиот почеток. Како заменик-премиер ја имав честа да ја водам седницата на Владата на која беше донесена одлуката за изградба на новата градинка „Бамби”. Тоа беше моја лична заложба, преговарана и реализирана и покрај силните противења од тогашната министерка за труд и социјална политика. И денес токму таа градинка е доказ дека јас знам како да реализирам ветувања и како да ја претворам визијата во дела”, вети кандидатот на АКИ за Општина Чаир.

Предучилишното образование, според Османи, е најголемата инвестиција што можеме да ја направиме за нашата иднина. „На 19 октомври започнуваме нова ера за Чаир, ера во која децата конечно ќе бидат на прво место

Back to top button
Close