Бујар Османи смета дека Груевски треба да се врати во Македонија, затоа што не е паметно човек со толку информации да биде во раце на друга држава
Најдобро е Никола Груевски да биде во Северна Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во друга држава, изјави за ТВ 21 министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Од политички аспект, има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години и ги имал сите информации за државата, а е во рацете на друга држава тоа не е паметно за било која држава, рече Османи.
Тој за ТВ 21 додаде дека нема иницијатива Груевски да се врати.
-Најдобро е да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме, додаде министерот.