Бујаре Абази го напушти Таравари и е назначена за претседател на Комисијата за хартии од вредност
Уште една важна фигура се повлекува од блискиот круг на Арбен Таравари. Поранешната потпретседателка на Алијансата за Албанците, Бујаре Абази, денес беше именувана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност, со што јасно и дефинитивно се дистанцира од тековното раководство на АА.
Нејзиното именување беше изгласано со 59 гласа „за“ во Собранието, а самата Абази јавно изрази благодарност до клучни фигури од актуелната власт, целосно исклучувајќи го Таравари од нејзините благодарности.
Неспоменувањето на Арбен Таравари во нејзиниот статус, како и јавната благодарност до Арбен Фетаи и Азир Алиу – двајца политичари кои се противници на Таравари – дополнително ја засилуваат убеденоста дека Абази има избрано нов политички курс.