Бучковски: Говорот кај омраза доминира повеќе кај бугарските политичари

Поранешниот специјален преговарач на Македонија во Бугарија, Владо Бучковски во гостувањето во ТВ 24 говореше за состојбите на Македонија со Бугарија.

Како што истакна тој, не е во ред да се даваат прогнози кога ќе наидеме на подобрување на состојбите и треба да бидеме многу претпазливи.

„За една седмица се направи повеќе отколку за една година. Тие девет месеци беа без влада, а и ние поминавме низ хаотични два три месеци. Можам да забележам дека говорот кај омразата доминира повеќе кај бугарските политичари. Треба да бидеме претпазливи во прогнозата колку брзо ќе се придвижуваат работите. Ние имаме многу повеќе направено отколку бугарската страна и на тој начин ќе успееме да ја подобриме климата кај нас“, истакна Бучковски.

Back to top button
Close