Бучковски: Не им даваме дополнителна сила на Петков и неговата влада да дојдат до компормис

Очигледно, постои сериозен дипломатски напор, неслучајно е темпирана и посетата на германскиот канцелар, но останува да видиме што ќе се случи. Јас мислам дека ние не им даваме дополнителна сила на Петков и на неговата Влада, вели поранешниот премиер и специјален пратеник на Владата за Бугарија

„Надежта за пробив уште во текот на овој месец е пожива во Софија отколку овде. Ние како да тргнавме од изјавата на министерот Бујар Османи дека ја шутнавме топката на бугарска страна и дека тие треба да реагираат, но мислам дека не правиме доволно да дадеме шанса да се дојде до евентуално решение во последните пет минути“, оцени универзитетскиот професор и поранешен премиер, Владо Бучковски, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за перспективата за решение на релација Скопје-Софија во пресрет на Советот за општи работи на ЕУ на 21 јуни.

„Франција, актуелниот претседавач со Советотт на ЕУ, се обидува во оваа ситуација да излвечеме нерешено, ако има компромис, кој не би требало да биде она што го слушаме од бугарска страна – да влезат сите барања во Преговарачката рамка, туку да се земат предвид нашите црвени линии што ги има преговарано и претходната и оваа влада и со германското и со португалското претседателство“,

вели Бучковски, кој беше и специјален претставник на Владата за Бугарија.
Тој вели дека е факт оти постои француска иницијатива за решавање на отворените прашања, а која, како што рече, беше потврдена и од кабинетот на претседателот Пендаровски и од нашето МНР.

„Треба да видиме и од оние информации што излегуваа во добро информираните бугарски медиуми – ‘Капитал’ и ‘Дневник’, кои не се случајни и не се како БГНЕС кој знае да манипулира, но и тој потврдува дека на таа консултација со коалициските партнери на крајот од минатата недела, премиерот Кирил Петков ја добил поддршката да се види што во последните неколку недели ќе направи Франција. Ако ги гледате и изјавите на ‘Има таков народ’ и на социјалистите на влегување, тие велеа зошто ни е таа средба, за потоа да излезат со соопштение во кое се вели да ќе бидат унисони, ќе чекаат и ќе прават дополнителни напори“,

изјави Бучковски.

Back to top button
Close