Бучковски оптимист: Очекува Бугарија на Кирил Петков да ја тргне блокадата кон Северна Македонија

Во интервју за БГНЕС специјалниот пратеник на Северна Македонија во Бугарија за решавање на спорот меѓу двете земји изразува доза оптимизам дека Бугарија на Кирил Петков ќе го тргне ветото кон Северна Македонија.

„Во 2021 година Бугарија немаше редовна влада цели 8 месеци. Во земјата имаше три парламентарни и едни претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше на нашите напори да најдеме заемно прифатливо решение и да ја укинеме блокадата на нашиот пат кон ЕУ“, рече Бучковски.

Според него, „и покрај овие непредвидени околности, постигнат е напредок во градењето доверба меѓу двете земји“.

„Временската рамка за овие работни групи, кои ќе бидат исполнети со интензивни состаноци, може да се скрати. Во тоа сум убеден, но ситуацијата ќе биде појасна по средбата на новиот македонски премиер Димитар Ковачевски со неговиот бугарски колега Кирил Петков, која е закажана за средината на јануари. Во 2022 година очекувам да се постигне взаемно прифатливо решение со Бугарија. Решение кое ќе се заснова на меѓусебно почитување и ќе се одржува. Бугарската блокада ќе биде укината. Почетокот на преговорите со ЕУ конечно ќе биде реалност“, рече Бучковски.

Околу наводите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој истакна дека Кирил Петков не е храбар политичар, специјалниот пратеник вели дека не го прифаќа тој став на Мицкоски.

Според него, Петков зборува за општо прифатлива одлука, но не и за наметната одлука.

Back to top button
Close