Бучковски открива: На крајот на 2020 година бевме многу блиску до решение со Бугарија

Поранешниот специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски информира дека бевме блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.

-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски во емисијата „Само интервју“.

Тој додава дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака доколку е потребно.

-Јас со неколку невладини организации по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги приближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски

 

Back to top button
Close