Бучковски: Скопје има направено двојно повеќе за инфраструктурата од Софија  

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година.

Според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Северна Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификуван од парламентите на двете земји.

Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра.

 

Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.

Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Северна Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа.

За да се смени Уставот на Северна Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент.

 

 

Back to top button
Close