Бучковски за „Фокус“: Се надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија

Се надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски во изјава за „Фокус“ откако беше соопштено дека Владата го именувала за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Официјално од Владата нема соопштение за оваа одлука, но специјалниот претставник се именува во услови кога Бугарија се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија, а по контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев не престануваат реакциите ниту во Македонија, ниту во Бугарија.

Бучковски освен премиeр беше и министер за одбрана, но и поранешен лидер на СДСМ. Тој застана зад Заев по неговото интервју, за разлика од другиот поранешен лидер на партијата, Бранко Црвенковски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close