Бучковски за кризата во Софија: Ова е голем судир на двете Бугарии, проруските сили се насекаде

Поранешниот специјален претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски смета дека турбуленциите на бугарската политичка сцена со употребата и злоупотребата на македонското прашање, покажува дека околу тоа се прави кохезија на сите проруски сили во Бугарија, кои се насекаде.

-Најмногу во бизнисот се тие руски сили. Ова е голем судир на двете Бугарии. Не е тајна дека од времето на цар Борис тој чувствува дека војската и генералите му се прогермански, населението проруско, а дека тој единствен е Бугаринот. Очигледно е дека Петков е претставник на еден нов ков на политичари, со јасна проамериканска и прозападна ориентација и тој доаѓа во судир, вели Бучковски.

Поранешниот премиер потенцира дека начинот на кој се формираше владината коалиција во Бугарија, укажувала дека нема издржи цел мандат.

-Тие се де факто се случуваат со ситуација, каде што различни политички провиниенции заедно, се обединија за промени во Бугарија. Разликите околу прашањето за војната во Украина ги искристализира големите разлики кои постојат меѓу четирите партии. Таму има атмосфера за поддршка за евентуалното кревање на ветото и од ГЕРБ на Борисов, рече Бучковски во емисијата „Топ тема“.

Back to top button
Close