Буданов се откажува од полски орден, откако Новроци му го одзеде на Зеленски највисокото признание на Полска

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов, денеска соопшти дека се откажува од Златниот офицерски крст за заслуги од Република Полска, доделен минатата година, во знак на протест поради одлуката на полскиот претседател Карол Навроцки да му го одзеде на Володимир Зеленски највисокото признание на Полска, Орденот на Белиот орел.
Според Буданов, потегот на Навроцки е „непријателски гест кон украинскиот народ и подарок за Русија“.
– Нашите народи имаат долгогодишни односи и различни страници во нивната историја – и херојски и трагични. Сепак, ова треба да биде повод за длабоко размислување, а не за груби политички шпекулации, напиша Буданов на социјалните мрежи. „
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Шибига ја нарече одлуката на Навроцки „стратешка грешка“, а полскиот премиер Доналд Туск, политички противник на Навроцки, ги повика двајцата претседатели да останат смирени.
Причина за постапката на Навроцки беше одлуката на украинскиот претседател да именува една армиска единица „Херои на УПА“ – украинска националистичка формација која уби голем број Полјаци за време на Втората светска војна.
Одлуката на Буданов се заканува да го продлабочи дипломатскиот јаз меѓу Варшава и Киев во време кога Украина се обидува да ги обедини своите сојузници за да ја заврши војната со Русија.






