„Будење на свеста“ – најпродавана книга од македонски автори за 2020 година

– Авторите Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ го добија признанието за најпродавана, а со тоа и најчитана книга од домашни автори за својата „Будење на свеста“, во издание на издавачката куќа Паблишер.

При врачувањето на ова признание во книжарницата на ТРИ во Дебар Маало, авторите одговорија на неколку прашања.Тие им се заблагодарија на издавачот и на сите читатели, кои согледаа, како што изјави Радован Витошевиќ, дека оваа книга не е само збир од зборови, туку дело во кое се собрани тајните на себеспознавањето. Зборуваа за создавањето на ова дело, кое доживеа шест македонски и едно англиско издание. Катерина говореше за реакциите од читачката публика во однос на главната цел и мисијата за создавање на една поубава внатрешна, а со тоа и надворешна реалност, информираат во соопштение од Паблишер.

Двајцата автори се согласиле дека се воодушевени од овој успех и се пријатно изненадени од неочекуваното признание.

Како што посочиле авторите, нивната инспирација се нивните читатели, кои заедно со нив работат на будење на свеста. Според нив, овој долг процес секогаш резултира со мир и со љубов. Надежта дека успеваат во таа своја мисија е нивната книжевна водилка која ги мотивира да создаваат нови дела.

Back to top button
Close