Бугарија ја подотвори границата, дозволен влез за македонски граѓани, но со негативен ПЦР-тест

еверна Македонија е една од петте држави за кои ќе бидат делумно олеснети мерките за влез во Бугарија, соопштија денеска претставници на бугарската влада на брифинг со новинарите.

„На туристите од Молдавија, Израел, Кувајт, Србија и Северна Македонија ќе им биде дозволен влез во нашата држава доколку имаат негативен ПЦР-тест, кој не смее да биде постар од 72 часа – соопштија бугарските власти.

Оваа одлука, како што информираа, е на барање на туристичкиот сектор.

„Ова ќе претставува сериозна поддршка за нашите хотелиери, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети“,

велат од кабинетот на Борисов.На брифингот, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави нови социо-економски мерки за помош на засегнатите од кризата предизвикана од пандемијата.

Како директна буџетска поддршка тие ќе издвојат над 1 милијарда евра од кои 800 милиони за социјални мерки и над 300 милиони евра за економијата.

Back to top button
Close