Бугарија бара да учиме дека Самоиловата држава е директен наследник на Првото бугарско царство

Претседавачот на мешовитата комисија за историски прашања од македонска страна, професорот Драги Ѓоргиев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека бугарската страна не го прифатила македонскиот предлог во нашите учебници да биде употребена мултиперспектива за периодот на Самоиловата држава.

Ние денеска работевме со дневен ред: забелешките на бугарската страна за учебникот по историја за седмо одделение, текстот за Григор Прличев кој веќе еднаш беше донесен и за Гоце Делчев.
За учебникот беше дискутирано за претставувањето на државата на Цар Самоил во учебниците. Двете страни предложивме по еден пример како би изгледала лекцијата и тоа ги покажа големите разлики. Нашиот предлог беше во согласност со водичот на УНЕСКО кога има два спротивставени исторски наративи. Преку мултиперспектива да се даде историски бекраунд и потоа да се прикаже зошто таа личност или настан е различно толкуван во двата учебници. Нивниот пристап беше класичен, во кој беа наведени тези и подтези со кои би требало да се претстави Самоил, што е надвор од препораките на УНЕСКО. Ние не бегаме од тоа да се претстават двете тези, но нивното барање е да се претстави таа држава само како директен наследник на првото бугарско царство, а тоа е неприфатливо за нас, рече Ѓоргиев.

Back to top button
Close