Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото


Бугарските европратеници бараат истрага за известувачот за Македонија во Европарламентот, Томас Вајц обвинувајќи дека бил едностран во нацрт-Извештајот.

Расправата за Извештајот беше одложена за 24-ти месецов, а премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека текстот на Вајц ќе биде усвоен.

„Нема бегање, тој Извештај ќе биде усвоен, затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет и тоа ќе го поддржат.“, порача Христијан Мицкоски.

Од друга страна, бугарски високи официјални лица ја критикуваа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Комесарката за проширување, г-ѓа Кос, се обидува на некаков начин да ги заобиколи веќе усвоените европски политики во однос на присоединувањето на Република Северна Македонија“, вели Илијана Јотова.

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев пак, ги оцени како лага тезите на бугарската опозиција дека официјална Софија ќе ја пушти Македонија на патот кон ЕУ во замена за зелено светло од Брисел за прием на еврото како валута во Бугарија.

„Ова не само што е шпекулација, туку е и груба и тешка лага.“, вели Георг Георгиев.

Back to top button
Close