Бугарија ќе испраќа ковид-пациенти на лекување во странство

Министерот за здравство Стојчо Кацаров изјави дека земјата „ќе има огромни проблеми“ доколку состојбата со епидемијата од коронавирус не се подобри за десет до 15 дена.

Бугарските власти велат дека ќе мора да испратат пациенти заразени со коронавирус на болничко лекување во странство, бидејќи новиот бран од епидемијата ги преплавија болниците и го оптоварија здравствениот систем во земјата.

Тамошниот министер за здравство Стојчо Кацаров изјави дека земјата „ќе има огромни проблеми“ доколку состојбата со епидемијата од коронавирус не се подобри за десет до 15 дена.

„Капацитетите ни се речиси исцрпени и ќе мора да побараме помош во странство. Во тек се разговори со Европската Унија за префрлање на пациентите во други земји доколку има потреба – рече Кацаров, додавајќи дека не е исклучена можноста за воведување карантин.

И покрај воведувањето пропусници за коронавирус во места како ресторани и трговски центри, експертите предупредија дека може да има од 5 000 до 9 000 заразени дневно во следните две недели.

Во Бугарија веќе беа воведени и други рестрикции, меѓу кои и онлајн настава за сите ученици од петто одделение нагоре.

Back to top button
Close