Бугарија евакуираше двајца македонски државјани од Украина

Во моментов, двајца македонски државјани со автобуси организирани од Генералниот Конзулат на Бугарија во Одеса, патуваат до украинско-молдавската граница, изјави портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Митко Димитров.

Димитров инфомирал дека 22 македонски државјани добиле помош за напуштање на украинската територија.

Претходно, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, изјави дека шест македонски граѓани ја поминале границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија, од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава

 

 

Back to top button
Close