Бугарија касно почна да дискутира на темата Северна Македонија, тврди поранешниот бугарски претседател Стојанов

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија.

Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример.

Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа.

Сепак, според Петар Стојанов, предизвиците денес се нови.

Петар Стојанов беше претседател на Бугарија од 1997 до 2001 година.

 

 

Back to top button
Close