Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото
Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе поднесе барање до парламентот за одржување референдум за тоа дали земјата ќе го усвои еврото како своја валута.
„Бугарија, како полноправна членка на Европската Унија (ЕУ), се соочува со стратешка одлука – воведување на единствена европска валута“, рече Радев во своето национално обраќање.
Тој нагласи дека референдумот ќе биде тест за демократијата на Народното собрание и дека ќе покаже кој ги следи принципите на демократијата, а кој им го негира правото на Бугарите да ја одредат својата иднина.
„Референдумот ќе биде корисен за бугарската демократија“, рече Радев.
Патот кон Еврозоната не беше лесен за Бугарија. Европската централна банка (ЕЦБ) минатата година објави дека земјата не може да се приклучи на валутната унија бидејќи инфлацијата во земјата е превисока