Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Од бугарското Министерство за надворешни работи, информираат дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

Back to top button
Close