Бугарија нема да прифати замена за тешко постигнатиот европски компромис за Македонија: Радев до европските челници

„Бугарија нема да прифати замена за тешко постигнатиот европски компромис. Правата на Бугарите во Република Северна Македонија не можат да бидат предмет на политички преговори“, се наведува во писмото од претседателот на Бугарија Румен Радев, испратено до челниците на европските институции и земјите-членки на ЕУ по повод усвоениот Предлог-извештај од Комитетот за надворешна политика на ЕП за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција, соопшти прес-секретаријатот на шефот на државата.

„Ја поздравувам одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли тврдењата за „вековниот македонски идентитет“ и да спречи нови обиди за промовирање на етноцентричниот националистички наратив на владетелите во Скопјe. Таквиот пристап ги соочува и другите етнички заедници во РСМ и двата милиони бугарски граѓани (кои се и граѓани на ЕУ) со етничко потекло од територијата на денешна Северна Македонија“, вели Радев.

„Од самиот почеток, случајот со овој извештај предизвика бран на негодување и критики во Бугарија против постапките и пристапите во неговата подготовка. Фактот дека почитувана институција како Европскиот парламент се изјаснува за категории од морална природа или специфично научна ориентација како што се „идентитет“ и „јазик“, во отсуство на правна основа и релевантни надлежности, е загрижувачки. Ваквите референци за „јазик и идентитет“ без специфична дефиниција ги ризикуваат слободните толкувања што нашите југозападни соседи веќе ги прават со своите тврдења за „вековниот македонски идентитет“, посочува Радев.

Back to top button
Close