Бугарија нуди помош за гаснење на пожарите, ДЗС не се активира во Паланка и Дојран и не одговара на прашања на новинарите!

Република Бугарија понудила помош за справување со пожарите во Македонија, особено во Крива Паланка каде ситуацијата од минута во минута станува посериозна, меѓутоа од Македонија не е одговорено дали дозволуваме да помогнат во гаснење на пожарот.

Од ДЗС не се активираат во гаснење на пожарите во Крива Паланка, Дојран и останати пожари, не одговараат ниту на барањата и повиците на градоначалниците на општините кои се најпогодени од пожарите и каде ситуацијата е алармантна.

Од ДЗС веќе неколку денови не одговараат ниту на прашањата на новинарите во врска со пожарите.

Back to top button
Close