Бугариќ ја освои шампионската титула
Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Берг Бугариќ успеа да ја освои шампионската титула на Државното првенство во тенис. Тој во финалето го совлада колегата од репрезентацијата младиот Кристијан Јанев. За двајцата тенисери ова беше прво финале.
Бугариќ прикажа сигурна игра и со тоа ја оправда фаворитската улога, а мечот го доби 2:0 во сетови (6:2 и 6:0). На овој начин Бугариќ годинава стигна до двојна круна откако вчера со Елдин Хусеиновиќ ја освија титулата во конкуренција на двојки.
Шампионка кај жените е Александра Симева која беше подобра од Теона Андова.