Бугарија за амбасадор во ЕУ го испраќа досегашниот заменик министер за надворешни работи, Румен Александров

Досегашниот бугарски заменик министер за надворешни работи, Румен Александров, ја презеде функцијата постојан претставник на земјата во ЕУ. Веста ја соопшти дипломатската мисија на Бугарија во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Александров ја презема функцијата од Димитар Цанчев, кој беше бугарски претставник во ЕУ од 2012 година. Од 1 септември, Цанчев е амбасадор на ЕУ во државата Израел.

Досега, Румен Александров беше заменик министер за надворешни работи, во мандатот на привремениот министер Светлан Стоев.

Александров е искусен дипломат, кој досега бил амбасадор на Бугарија во Холандија, а пред тоа работел во бугарското постојано претставништво во ЕУ.

Back to top button
Close