Бугарска новинарка за ТВ21 соопшти детали за трагедијата

Гориво купено во Турција, каде е поевтино отколку во Македонија и во Бугарија, имало во автобусот што настрада утринава на автопатот Струма, при што загинаа 46 лица.

Новинарката Патриција Кирова за ТВ21 сподели првични сомневања за причините за несреќата:

–  Тоа  гориво се запалило и е една од причините за несреќата. Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата – вели таа.

Кирова сподели и информација дека немало втор возач во автобусот кој патувал од Истанбул до Македонија.

Back to top button
Close