Бугарска офанзива
Да не се занесуваме. Не е ниту до цар Самоил, ниту до Гоце Делчев. А уште помалку е пак за Бугарите што немаат права во Македонија. За разлика од Македонците што ги имаат правата во Бугарија. Тоа се само оправданија да продолжи бугарската офанзива за дестабилизација на Македонија. Апсурдни се изјавите дека „не постои земја во Европската Унија што повеќе сака да ја види Северна Македонија во ЕУ од Бугарија“. Значи, Бугарите против своја волја го ставаат ветото!? Те моча од керамиди и ти вика дека врне.

Офанзивата против Македонија е дополнително засилена со изјавите од официјална Софија дека Албанија треба да се издвои во процесот и може да ги почне преговорите со ЕУ. Како да не знаеме каква дестабилизација би било тоа за Македонија. А тие сигурно знаат. Ова се потези на класична непријателска земја. Бугарија не ни крие дека има територијални претензии кон Македонија и сè што не успеала со векови да реализира, сака да го оствари сега. И тоа како земја-членка на ЕУ. Дали претседателот им е армиски генерал или студент на Харвард, нам исто ни се фаќа.
Зошто би се надевале дека некој што дипломирал на Харвард би бил помалку националист од бивш телохранител на Тодор Живков, кога сите се повикуваат на националистичка декларација на бугарскиот парламент од 2019 дека македонски народ и македонски јазик не постојат. И тоа го прават при потпишан Договор за добрососедство. И ако навистина е валидна последната анкета дека 70 проценти од Бугарите го оправдуваат ветото за Македонија, тогаш ние со соседиве сме во студена војна. И тешко е дека од таа војна Македонија ќе излезе неповредена. Ај, некако и може да се разбере зошто Бугарија се радува на дестабилизација на Македонија. Ама, никако не можам да сфатам зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица се радуваат на третото бугарско вето. Браво Бугарија, одлично е тоа што ја дестабилизираш мојата земја.
…
Koлумната на Горан МИхајловски во целост прочитајте ја тука






