Бугарската влада ја започна седницата со едноминутно молчење

На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење, јави дописникот на МИА од Софија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Премиерот на Бугарија Стефан Јанев соопшти дека ова е денот кога се сеќаваме на жртвите – девет бугарски државјани кои загинаа во пожарот во домот за стари лица во селото Ројак, Варна и државјаните на Република Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма.

-Во време на тешкотија, да го изразиме нашето сочувство за членовите на семејствата и роднините на жртвите, кажа Јанев.

Знамињата на државните институции, вклучително и пред зградата на Советот на министри на Бугарија, се спуштени на половина, во чест на жртвите од селото Ројак и од автопатот Струма.

Back to top button
Close