Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!

Бугарски Блиц заедно со уште дестина бугарски медиуми/портали објави статија во која не го крие незадоволството од последиците на политичкото „самоубиство“ на официјална Софија. Во текстот насловен како „САД ја малтретира Бугарија поради Македонија“, колегите од бугарски Блиц ги цитираат главните поенти на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа, кој вели дека прашањето со Бугарија не треба да го блокира членството на Македонија во ЕУ, при што продолжува со многу прецизна и искрена експликација на моменталната лимбо ситуација, поради крајно неразумното условување од страна на Бугарија, непознато во модерниот свет и додава:

„Ние би сакале да се одржи меѓувладината конференција и за Македонија и за Албанија во исто време – оваа година, доколку е можно. Го изработија потребното. Ги направија неопходните реформи. И тие го заслужија тоа. Значи, ако не оваа година, тогаш напочетокот на следната година“
На прашањето поврзано со бугарско вето за нашите ЕУ аспирации, Ескобар вели:
„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Македонија кон ЕУ. Тие ( Бугарите н.з. ) го претвораат во мултилатерално прашање што не засега сите нас “
Линк до оригиналната вест на Блиц

Back to top button
Close