За тоа да не се гласа за овој амандман, според бугарскиот европарламентарец Радан Канев од Групата народни партии, се изјасниле тројца унгарски од шестте европарламентарци што беа против во Комитетот за надворешни работи на ЕП денес, што според него покажува дека Виктор Орбан не е вистински пријател на Бугарија, туку напротив – единствениот во ЕУ што застанал против бугарската позиција околу јазикот.
„Европатениците во Комитетот за надворешна политика (АФЕТ) на Европскиот парламент го одобрија извештајот за напредокот на Северна Македонија, откако еден Унгарец од владејачката партија го блокираше амандманот предложен од неговите бугарски колеги, со кој би се менувал текстот со кој се признава македонскиот идентитет. Гласањето за овој необврзувачки документ се очекува во пленарната сала. Усниот амандман на Андреј Ковачев и Ивајло Велчев, со кој се додава зборот „модерен“ (може да значи и „современ“) пред формулата за македонскиот јазик и идентитет, беше блокиран од европратеникот од „Фидес“, пишува бугарски „Дневник“.
Според медиумот, прифатени се неколку други компромисни амандмани, но некои поднесени од бугарските европратеници не биле одобрени (на Андреј Ковачев и Ивајло Велчев). Велчев најави дека по гласањето за документот, ќе го претстави ставот на „малцинството“ за документот.