Бугарски пасош за 250 денари? – Софиска фондација им појаснува на македонските граѓани како поефтино да станат бугари.

Ако во графата за националност, во македонските изводи, впишете дека сте Бугарин, веројатно полесно ќе може да стигнете до бугарски пасош.

Оваа можност постои откако беа донесени измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност. Ваквите измени не поминаа незабележано кај фондациите и здруженијата во соседна Бугарија, чија цел е што повеќе жители на Македонија да се впишат како Бугари.

Тие, преку социјалните медиуми повикуваат што помасовно да се вадат изводи во Македонија, во кои пишува дека се изјаснувате како Бугарин.

Ако оние Македонци кои сега поседуваат бугарски пасоши требаше својата „бугарска самосвест“ да ја докажуваат со тоа што во Бугарската амбасада ќе приложат документи (служење војска, свидетелства, крштеници…) дека (пра)бабите и (пра)дедовците им биле „Бугари“, сега таа процедура станува прилично едноставна.

Сега, за Македонците коишто сакаат да започнат процедура за вадење бугарски пасоши е доволно само во графата за етничка припадност во изводот на родените да напишат дека се Бугари и за сето тоа ќе платат само 250 денари.

Вака бугарските организации и здруженија ги толкуваат измените во упатството за водење на матичните книги и документација, според кои, по ново, ќе има и графа за етничка припадност.

„Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението“, објавија Софиската Фондација „Македонија“.

Back to top button
Close