Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Манол Пејков, пратеник во бугарското собрание, преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра за настраданите во пожарот во Кочани, објавија „Пловдив24.бг“.

Пејков објави дека ќе стапи во контакт со семејствата на настраданите во Софија и Варна, а сите парични средства кои се собрани ќе бидат донирани на истите.

Најави дека ќе оствари и средба со амбасадорот на Северна Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да понуди поддршка од фондацијата

Back to top button
Close