Бугарскиот амбасадор се поклони на гробот на Делчев: Бугарскиот револуционер го дал животот за слобода на своите браќа

Бугарското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое се наведува дека денеска на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје се поклонил бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.

Во информацијата се наведува дека традиционално, на 4 мај, амбасадата на Република Бугарија во Скопје ја одбележала 118-годишнината од смртта на бугарскиот револуционер, почитувајќи ги сите мерки на безбедност во услови на пандемија.

Амбасадорот Ангел Ангелов истакнал дека „значајниот бугарски револуционер Гоце Делчев го дал својот живот за слободата на своите браќа“.

– Независно од сите перипетии на нашата тешка судбина, Гоце Делчев ќе остане светол симбол на несебична жртва, чесност, на заедничката историја и на заедничката европска иднина на Бугарија и Република Македонија – изјавил амбасадорот Ангелов.

Back to top button
Close