Бугарскиот амбасадор во земјава повикан во МНР за дипломатската нота поврзана со патување на членови на семејството на Мицкоски

Македонскиот министер за надворешни работи – Тимчо Муцунски вчера го повикал бугарскиот амбасадор во Македонија – Желјаско Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со откривање на личните податоци.

„Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење како шеф на дипломатијата.

 

– Advertisements –

 

Според него ова е неприфатлив начин на меѓусебно функционирање на две држави, нагласувајќи дека дури и во земји што се во војна, вакви работи не им се случуваат.

 

„Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски претставници. Никогаш таков документ не излегол во јавност од кај нас. А, може да се случи, но јас прв би се извинил“, рече Муцунски посочувајќи дека посебен проблем е што беа објавени лични податоци.

Тој притоа соопшти дека го повикал амбасадор Радуков и побарал објаснување како дошло до објавувањето на нотата, но дека досега не добил одговор

Back to top button
Close