Бугарскиот европратеник Џамбаски се соочува со процедура за санкции во ЕП поради фашистичкиот поздрав

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе покрене постапка за санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој направи нешто што изгледаше како нацистички поздрав додека ја напушташе собраниската сала вчера, објави Политико.

Џамбаски, националистички европратеник во групата ЕЦР, негира дека неговиот гест бил фашистички поздрав, нарекувајќи го инцидентот „мало недоразбирање“ во е-пошта до неговите колеги, во кои имале увид од Политико.

Според Мецола, тоа бил фашистички поздрав што за неа е „неприфатилив секогаш и сегде“.

– Тој поздрав е од најмрачниот период од европското минато и таму треба да остане, наведе таа.

Официјален претставник од Парламентот кој побара анонимност бидејќи инцидентот се испитува, рече дека се очекува покренување истрага за кршење на правила. Тој би можел да биде суспендиран или казнет парично.

Back to top button
Close