Бугарскиот премиер Кирил Петков со хеликоптер в сабота доаѓа во Битола

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во придружба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во сабота ќе ја посети Битола.

Петков и Јотова во Македонија ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава.

Како што сега стојат работите, според се уште непотврдени информации, бугарскиот премиер Петков ќе допатувал со хеликоптер и би присуствувал само на активностите во Битола по што веднаш би се вратил во Софија, а останати во недела одат за Охрид каде ќе се отвора читална.

Посетата е во функција на промовирање на повеќе проекти за бугарската заедница овде меѓу кои и проектот да се донесе литература, книги и весници на бугарски јазик за опремување на читалната во Охрид.

Back to top button
Close