Бугарскиот претседател се приклучи на протестите: Да ја исфрлиме мафијата од извршната власт

Бугарскиот претседател Румен Радев излезе на протест, организиран од граѓаните по приведувањето на Пламен Узунов, секретар на претседателот за правни и антикорупциски прашања во рамките на истрагата за тргување со влијание.

„Ве молам повлечете ја полицијата, немаме од кого да се плашиме. Гледам млади и стари луѓе, ова не е случајно. Гледам луѓе од различни политички партии, ова исто така не е случајност. Од нас зависи, да ја исфрлиме мафијата од извршната власт“,  рече Радев пред насобраните граѓаните, а неговото обраќање беше емитувано во живот на социјалнтите мрежи.

Протестот денеска е организиран откако во акцијата на обвинителството, беа приведени освен  секретарот на шефот на државата Пламен Узунов и Илија Милушев, советник за безбедност и одбрана.

 

Back to top button
Close